Велика Британија

Британскиот регистaр на компании е еден од наједноставните за пребарување, а на веб страницата со регистрација добивате пристап до сите списи од компаниите. Овој регистaр често е користен од страна на новинарите-истражувачи во Македонија бидејќи Лондон како слободна финансиска зона често е атрактивен за бизнисмените кои селат капитал од една во друга фирма со цел да сокријат сопственичка структра, потекло на имот и слично. Истражувајќи ги некои од странските инвестиции во земјава, досега често се демаскирале коруптивни дејствија од страна на локални политичари и моќници благодарение на достапноста на оваа база.

Погоре е прикажан линк од главната страна на регистерот на компании, но вам ви треба оваа страница од регистерот доколку сакате и да купите документи за некоја компанија.

Во горниот лев дел од менито имате секција каде што може едноставно да се регистрирате. Компаниите може да ги пребарувате по назив и дел од назив. Кога ќе ја пронајдете посакуваната компанија, ќе ја одберете опцијата за купување на документи од електронски достапните списи. И купувањето, како и регистрирањето, е едноставно и е комплетно безбедно. Самите бирате кои документи сакате да ги купите, а истите чинат од една до десет фунти. Штом се изврши наплатата веднаш ќе ги добиете на вашата емаил адреса, а ќе бидат привремено зачувани и на вашиот акаунт на оваа страница.