Рeгулаторна комисија за енергетика

Име на институција

Регулаторна комисија за енергетика

Опис на институција

РКЕ е институција која треба да се грижи за сигурно, континуирано и квалитетно снабдување со електрична енергија

Линк до веб страна на институција

Што може да пребарате во базата на лиценци на РКЕ

Регулаторната комисија за енергетика е независна институција која што ги регулира дејностите од областа на енергетиката. Овој регулатор, помеѓу другото, пропишува цени на одделни енергенси, ја регулира конкуренцијата во обласа и издава, менува и одзема линценци за одделн дејности во енергетиката. 

Накусо, не би можеле да тргувате со електрична енергија, нафта, гас или, пак, да прозведувате сончева или било каква друга енергија од обвновливи извори доколу РКЕ не ви даде лиценца за којашто мора да имате исполнето одредени правила кои тие ги пропишуваат.

Каде да пребарате лиценци

%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0-2-%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b5%d0%bd%d0%bd%d1%86%d0%b8-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8На главната веб страна на РКЕ во горното мени изберете ја секцијата „Лиценци“.  Застанете со курсерот и долу ќе се отвори подмени каде што треба да одберете „издадени лиценци. Потоа ќе се отвори уште едно  подмени и во него ќе одберете сектор во којшто сакате да ги разгледате компаниите на кои што комисијата им дала лиценци за трговија со енергија.

%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0-1

 

Исто така, во долниот десен дел на насловната страница имате и пребарувач каде што може да пребарувате помеѓу издадените лиценци за трговија со енергија, но можете да ги пребарувате и сите други документи и акти кои ги донела Комисијата, од тарифници за енергенси до закони.

Зошто е важно

Енергијата е сржта на секоја економија. Колку се перформансите и капацитетите на една држава подобри во енергетскиот сектор, толку се поголеми шансите за една економија да биде функцонална. Но, не помалку важно е дека капацитетите на една земја да произведе енергија за себе ги прават нејзините политички позиции на глобалната мапа подобри, а со тоа и нејзиниот опстанок. Земјите зависни од енергија или земјите без капацитет да произведат енергија за својата економија се супер ранливи. А земјите без енергетска стратегија за обновливи извори немаат големи шанси во иднината да опстанат како силни општества и економии кои на своите граѓани би им овозможиле пристоен и достоинствен живот. Во светот се воделе  војни за нафта и за гас, а денеска модерните држави се тркаат да произведат што е можно повеќе енергија од обновливите извори за да ја намалат својата зависност од енергенси од другите.

Затоа е важно новинарите да ги набљудуваа играчите на пазарот на енергенси. Енергија е „голема работа“ за секое општество, па оттука,  голема е и заработувачката. Дел од топ пет увозниците на струја во Македонија, на пример, изминатите неколку години со драстичниот пад на производство на електрична енергија, заработија стотици милиони евра увезувајќи струја за да ги надоместат потребите на земјата и тоа во компании со еден вработен.А, онаму каде што се големите пари таму демне и опасноста од корупција. Кому институциите му дозволувааат да печали од овој бизнис и кој се грижи за конкуретноста и за правила е дефинитивно набљудувачка мисија за секој новинар.