Право да знаеш

Име на институција

Право да знаеш

Опис на институција

„Право да знаеш“ е ги прикажува промените во Македонија преку истражување и споредување на тие промени во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во текот на одреден временски период

Линк до веб страна на институција

„Право да знаеш“ е проект на граѓанската асоцијација МОСТ кој има за цел да ги прикаже промените во Македонија преку истражување и споредување на тие промени во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во текот на одреден временски период.

Интернет страната користи демографски, изборни, социо-економски и специфични податоци за единиците на локалната самоуправа, кои се прибрани и прикажани преку методологија која што е детално објаснета во базата на податоци.

Со други зборови, „Право да знаеш“ е збирно место на податоци за сите општини во Република Македонија, вклучувајќи го и градот Скопје, а податоците се распределени во неколку категории. Понатаму, овие податоци (население, миграции, образование, култура, криминал...) се презентираат на едноставен графички начин разбирлив за сите заинтересирани граѓани.

Оваа база содржи интерактивна мапа и графички визуелизации, нешто што дава целосна слика за сите општествени промени во општините, кои можат да се разгледуваат според различни категории.

Базата на податоци која е објавена на три јазици (македонски, албански, англиски) е моќен он-лајн ресурс за секаков вид истражувања и анализи. Во неа се вклучени и веќе готови анализи кои можат да се цитираат во истражувањата на новинарите и на експертската јавност.

Како се користи оваа база на податоци може да прочитате на следниот линк