Преку соработка со граѓански организации

Проектот Медиа платформа за застапување кој го спроведува граѓанската асоцијација „МОСТ“, а во чии рамки е произведена и оваа алатка во партнерство со порталот НОВАТВ кој ги обезбеди човечките капацити и искуства во сферата на истражувачкото новинарство, освен што на новинарите и граѓанските организации ќе им помага практично обезбедувајќи алатки, обуки и финансиска поддршка, има за цел да обезбеди синергија во активностите помеѓу НВО сектрот и медиумите со цел иницирање на ефикасно спроведување на реформите во сферата на владеењето на правото и антикорупцијата.

Во оваа секција од Getdata сакаме да ги поттикнеме новинарите да ги користат ресурсите на невладините организации во своите истражувања, но исто така, да го ги поттикнеме и организациите активноо да ги следат новинарските истражувања и да обезбедат дополнителни акции во рамки на нивните делувања со цел обезбедување правни развршници на случаите кои биле откриени и помагање на граѓаните да обезбедат правда.

Тука ќе споделиме неколку искуства на соработка помеѓу медиуми и граѓански организации кои илустрираат како овој тип на заедничко делување може да обезбеди квалитетни стории и поинаков и подобар исход за проблемите на граѓаните.

Првата сторија е сторија за еден струшки рибар кој поминува низ голготи во правосудниотт систем. Ова сторија дојде до порталот НОВАТВ, а тие потоа случајот на овој човек го однесоа во невладината организација „Транспарентност Интернешнл-Македонија“. Целта на новинарите беше да добијат експертско мислење од организацијата, а бидејќи истата има и сектор за  правна помош, тие потоа го презедоа случајот и продолжија и по сторијата да прават притисок врз институциите со цел проблемот на овој човек да добие правна завршница.

Темите од екологијата често кријат големи приказни за корупција и се во врвот на приоритетите на јавниот интерес бидејќи го загрозуваат животот и здравјето на луѓето. Следната сторија ќе покаже еден друг аспект од потенцијалите кои ги нуди соработката помеѓу невладините организации и медиумите. Серијалот видео истражувања на новинарката Менче Атанасова Точи на НОВАТВ (линкови во прилог долу) за последиците од загадувањето на „Фени“ се изработи во соработка со неколку локални еколошки организации од градот Кавадарци и околината. Атанасова Точи ги изработи сценаријата прво во консултации со граѓанскиот сектор од овој град, а истите помагаа на терен оперативно да се направат снимањата, да се одберат локациите и помагаа да се оствари контакт со засегнатите граѓани и институции. 

Серијал ФЕНИ: Драстичен пораст на заболени од рак
Граѓаните и екологистите: Кавадарци е загаден град
Фени се оградува од обвинувањата, градоначалникот молчи
Жителите на Возарци: Никој не купува од нас на пазарите
ДИЖС:Фени ќе го толерираме уште една година

Во оваа секција во следната година GetData ќе ги постави успешните примери на соработка помеѓу локалните невладиини организации и медиумите кои ќе произлезат со помош на финансиската поддршка на МОСТ.