Право

Име на институција

Право

Опис на институција

Веб страната pravo.org.mk го содржи сите пречистени закони и правилници што ги носат надлежните државни органи

Линк до веб страна на институција

На веб-страната pravo.org.mk која ја одржува Граѓанската асоцијација МОСТ можат да се најдат сите закони кои им помагаат на граѓаните, новинарите и експертската јавност во нивната работа.

За да се преземе одреден закон кој сакате да го најдете, прво треба да се регистрирате на веб-страната со вашата електронска пошта, што е прилично едноставно, а потоа имате можност во .pdf формат да ги преземате сите закони кои се предмет на ваш интерес.

Доколку не сте сигурни кој закон го барате, постои можност и за пребарување по категории.

Често пати новинарите се мачат кога треба да се најде пречистена верзија на одреден закон или пропис, особено што во Македонија тие често се менуваат, а кога се истражува одредена област, неопходно е да се познава проблематиката и законските регулации поврзани со таа проблематика. Оттаму, pravo.org.mk е одлична алатка за да ги видите сите претходни верзии на законот, првата верзија и пречистениот текст од последната верзија на законот што го барате.

Освен тоа, во оваа база на податоци можат да се најдат и колективни договори и правилници на државните и јавни институции кои постојано се апдејтираат.

Оваа веб-страница редовно ги ажурира и пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонија.