Прашај експерт

ТРАНСПАРЕНТНОСТ ИНТЕРНЕШНЛ - МАКЕДОНИЈА

www.transparency.org.mk

Мисија:

Да се воспостави систем на добро владеење за ефикасна превенција за борба против корупцијата.

Контактирајте ги ако:

Работите на истражувања поврзани со корупција, организиран криминал, финансирање на политички партии и аномалиите на правосудниот систем.

Можат да помогнат со:

Експертиза и советување за вашите стории, да ви дадат официјални коментари и интервјуа, да ви укажат каде да барате дополнителни информации и да понудат правна помош за лица инволвирани во вашите текстови кои се соочуваат со неправди во правосудните и други постапки врзани со правото.

ГРАЃАНСКА АСОЦИЈАЦИЈА МОСТ

www.most.org.mk

Мисија:

Поттик на граѓаните и нивно мобилизирање да ги користат своите права со цел зајакнување на демократската култура во Македонија, зголемување на демократскиот капацитет на граѓанските организации, институции и политички актери, преку создавање одржливи партнерства.

Контактирајте ги ако:

Работите на истражувања поврзани со изборни нерегуларности, финансирање на политички партии, квалитет на реформи во изборниот процес, реформи во парламент, функционирање на парламентарна демократија, работа на локална самоуправа.

Можат да понудат:

Извештаи, анализи, бази на податоци, советување за правците и кредибилноста на вашето истражување, интервјуа и коментари за вашите стории.

 

Центар за граѓански комуникации

www.ccc.org.mk

Мисија:

Креирање на политики за унапредување на работењето на институциите, доброто владеење, економскиот развој и намалување на просторот за корупција и унапредување на улогата на новинарите и невладините организации во борбата против корупција.

Контактирајте ги ако:

Работите на истражувања поврзани со корупција во јавните набавки и трошењето на буџетските средства, отчетност и транспарентнoст на институции.

Можат да понудат:

Со совети и ескпертиза за јавни набавки, правна помош при толкувањето на легислативата од сферата на корупцијата во економијата и буџетската транспарентност, со обуки и практична помош при пишување на барања за слободен пристап до информации, интервјуа и коментари за вашите стории.

Младински образовен форум

www.mof.mk

Мисија:

Инклузија на младите во процесите на креирање образовни политики.

Контактирајте ги ако: 

Работите на истражувања врзани со корупција во образованието.

Можат да понудат:

Експертиза и советување, изјави и интервјуа, контакти со локални младински организации, анализи и извештаи, контакти со млади-жртви на корупција во образованието.

Македонски институт за медиуми

www.mim.org.mk

Мисија: 

Да го поттикнува и помага процесот на унапредување на професионални стандарди во новинарството, медиумите и во јавната комуникација со цел да влијае врз подобрување на демократските процеси во Р. Македонија.

Контактирајте ги ако: 

Истражувате корупција во медиумите, нетранспарентна сопственичка структура, врски помеѓу пропагандатата и корупција, незаконско работење во медиумите.

Можат да понудат:

Експертиза и советување, извештаи, анализи и публикации, контакти со новинари и медиуми во Македонија и надвор.

 

МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

www.mcms.org.mk

Мисија: 

Почитување на универзалните принципи на граѓанско општество и партиципативна демократија, владеење на правото, рамномерен и одржлив социо-економски развој, ненасилство, почит и меѓузависност и културна разноличност.

Контактирајте ги ако: 

Истражувате теми од областа на локалниот и руралниот развој, евроинтегративните процеси, граѓанскиот сектор, транспарентност, отчетност и одговорност на институциите.

Можат да понудат:

Обуки, извештаи, анализи и публикации, проекти, кампањи за јакнење на свеста од повеќе области од општествениот живот.

МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕ

www.mcet.org.mk

Мисија: 

Да го поттикнува и помага процесот на приближување на ЕУ интеграциите во Македонија.

Контактирајте ги ако: 

Го истражувате пристапувањето на Македонија во ЕУ и европеизацијата на општеството, креирате јавни политики кои се во линија со политиките на ЕУ или известувате за пристапниот процес на Македонија.

Можат да понудат:

Обуки, советување, брифинзи, извештаи, анализи и публикации, изготвување алатки со цел подобро разбирање на евроинтегративните процеси.

КОАЛИЦИЈА СИТЕ ЗА ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ

www.all4fairtrials.org.mk

Мисија:

Следење на почитувањето на човековите права и слободи, особено на меѓународните стандарди за правично судење, преку разни форми на дејствување  во настојувањето да се зголеми нивото на нивното имплементирање, да се иницираат институционални и правни реформи, како и да се поврати довербата на граѓаните во судството.

Контактирајте ги ако:

Работите на истражувања поврзани со правосудниот систем, владеењето на правото, корупцијата, транспарентноста на судските постапки.

Можат да понудат:

Брифинзи, анализи, публикации, советувања, анализи поврзани со судскиот систем и владеењето на правото.

СПИНФО - ФОНДАЦИЈА „ИНСТИТУТ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО

www.spinfo.org.mk

Мисија:

Промоција и приближување до јавноста на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Контактирајте ги ако:

Работите на истражувања за кои ви е потребно да испратите барања за слободен пристап до информации од јавен карактер или околу начинот на пополнување на барањето и евентуалното поднесување жалба.

Можат да помогнат со:

Советување за вашите стории кои се базираат на барање податоци преку Законот за слободен пристап до информации и транспарентност на институции.

ИНСТИТУТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

www.ihr.org.mk

Мисија:

Промовирање, унапредување и заштитата на човековите права и слободи преку континуирана едукација на професионалната јавност и анализа на состојбите, организирање на стручни дискусии во рамките на правната професија и дискусии за општата јавност, со цел зајакнување на капацитетите и механизмите за промовирање, гарантирање и заштита на човековите слободи и права.

Контактирајте ги ако:

Работите на истражувања поврзани со заштитата на човековите права - правата на децата во образованието, дискриминацијата, правото на правично судење, правото на слободно изразување.

Можат да помогнат со:

Експертиза и советување за вашите стории, издавање публикации, анализи, можност за официјални коментари и интервјуа во врска со проблемите на (не)почитувањето на човековите права во земјава, како и да споредбени анализи со другите држави.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

www.mhc.org.mk

Мисија:

Промоција и заштита на човековите права, без политичка и религиозна ориентација.

Контактирајте ги ако:

Правите истражувања од секоја сфера на општеството која навлегува во сферата на основните човекови права - правото на слободно изразување, говорот на омраза, дискриминација по било која основа, правично судење. Воедно, Хелсиншкиот комитет на терен и со свои екипи ја следи бегалската криза и регистрира случаи на непочитување на основните човекови права кај бегалците и мигрантите.

Можат да помогнат со:

Анализи, извештаи, публикации, објаснувања при толкување закони, брифинзи и интервјуа во врска со случаи на нарушување на човековите права. Од нив може да побарате и конкретни случаи кои ги следат на терен за да ви дадат детали и официјални изјави и интервјуа, со цел случаите да допрат до пошироката јавност.

ФЛОРОЗОН - ЦЕНТАР ЗА ЕКОЛОШКА ДЕМОКРАТИЈА

www.florozon.org.mk

Мисија:

Промоција на развојот на демократијата на животната средина и заложување за реформи на политиките поврзани со животната средина.

Контактирајте ги ако:

Работите на истражувачка сторија поврзана со животната средина, почнувајќи од климатските промени, загадувањето, квалитетот на водата или пак безбедноста на храната.

Можат да помогнат со:

Советувања, анализи, публикации, изјави и интервјуа на било која тема што ја опфаќа животната средина и нејзината заштита.

ИНСТИТУТ ЗА ЕВРОПСКИ ПОЛИТИКИ

www.epi.org.mk

Мисија:

Зајакнување на свеста на јавноста и носителите на одлуки во процесот на пристапувањe, промовирање на критичка мисла, истражувања и анализи во создавање и спроведување на стратегии и политики за евроинтеграцијa, развивање на дијалог за евроинтеграција со граѓанското општество во Република Македонија, во регионот и во ЕУ.

Контактирајте ги ако:

Работите на истражувања и анализи за Македонија или регионот поврзани со евроинтегративните процеси и политиките за пристапување во ЕУ.

Можат да помогнат со:

Проекти, обуки, брифинзи и советувања за актуелни прашања поврзани со теми од јавен интерес што се поврзани со процесот на приближувањето или оддалечувањето на Македонија од членството во Европската Унија.

 

ЦЕНТАР ЗА ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

www.cea.org.mk

Мисија:

Истражување на економските случувања и јавната политика во Република Македонија и нудење препораки, предлози и мерки на владините и невладините институции.

Контактирајте ги ако:

Работите на стории од областа на економските процеси како на пример странските инвестиции, трошењата од буџетот, претприемништвото, пазарот на труд.

Можат да помогнат со:

Проекти, обуки, брифинзи и советувања за актуелни прашања поврзани со економските процеси во земјава, публикации, изјави и интервјуа.

Доколку вашата организација работи во сферата на борбата со корупцијата и спроведување на реформи во владеење на правоо на локално, државно или регионално ниво контактирајте не да ве додадеме во базата.