Кипар

Министерството за енергија, трговија, индустрија и туризам е надлежно за регистарот на компании во Кипар. На овој линк ќе ви се отвори страницата која го содржи регистарот

Кипарскиот регистар релативно лесно се пребарува, а содржи и опција за пребарување на англиски јазик која ја поврзавме во линкот погоре. Можете да пребарувате по цел назив на фирма, дел од назив, a на веб страницата со едноставна регистрација (види агол горе десно), можете и да ги купите списите на компанијата. 

Овој регистар е важен за македонските новинари бидејќи Кипар како земја која важи за даночно прибежиште им овозможува на бизнисмените од целиот свет лесно да го сокријат идентитетот на својата компанија. До вистинските сопственици, сепак, не се доаѓа лесно бидејќи истите ангажираат специјализирани адвокатски куќи со кои што склучуваат анонимни договори, а вработени во овие компании настапуваат како сопственици и директори. Но, сепак, проверките во овој регистар можат да ви овозможат други траги важни за вашите истражувања. 

Еден пример за тоа како функционираат државите - даночни прибежишта и колку е тешко да се дојде до крајните корисници е големо светско новинарско истражување во кое што новинари од цел свет ги обработуваа милионите тајни документи кои протекоа од панамската адвокатска куќа „Монсек Форсека“. НОВАТВ беше дел од ова светско истражување како партнер на OCCRP( Organized Crime and Corruption Reporting Network) и на овој линк можете да ја проследите сторијата за македонскиот бизнисмен Јордан Камчев чие име се појави во овие документи. Од документите можеше да се види дека компанијата во Панама отворила во негово име компанија на Бахамите, а сметководството на истата било во Кипар.