Извештаи на политичките партии

Име на институција

Катастар

Опис на институција

Катастар е .......

Линк до веб страна на институција

www.katastar.mk

Инфраструктурата е главна пречка за интензивирање на туризмот меѓу Македонија и Бугарија. Стопанствениците бараат побрз проток на патници на граничните премини Ќустендил и Деве Баир, како и поскора изградба на автопатот Скопје - Софија, со што дестинацијата од 230 километри ќе се скрати на патување од максимум час и половина. Како што беше истакнато на вчерашната прес-конференција во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), на која присуствуваше и бугарскиот амбасадор Иван Великов Петков, двете страни, за да привлечат што поголем број туристи, треба да поработат и на создавање заедничка понуда за трети земји.

Меѓу приоритетите е и изедначувањето на бројот на македонските и бугарските гости со оглед дека, според статистичките податоци за минатата година, 470.000 Македонци биле во Бугарија, а само 52.748 Бугари дошле во Македонија.

- Потенцијалот за соработка во туризмот е многу голем, но пречка е инфраструктурата. Од Скопје до Софија се стигнува најмалку за четири часа ако се земат предвид чекањата на граница. Тоа мора да се реши - истакна Петков.

Македонија и Бугарија, додаде, се историски поврзани. Охрид и натаму останува број еден дестинација за бугарските гости поради магијата на езерото и црквите, кои ги има над 300.

Во однос на планираниот заеднички проект, двете земји, објасни амбасадорот, би се продавале како балканска маршрута со престој од по три до четири дена во Македонија и во Бугарија. Притоа, не е исклучено во маршрутата да се вклучи и трета соседна држава, Грција или Албанија.

- Сакаме што поголем број туристи од Македонија да ја посетат Бугарија и обратно, што повеќе бугарски туристи да дојдат кај нас. Реципроцитет во овој сегмент мора да има. Располагаме со доволен број капацитети, но исто така имаме можност и за изградба на нови ако има потреба, во случајов, освен бугарски, да се зголеми и бројот на гости од други земји - напомена претседателот на Туристичко-угостителската комора при ССК, Аркан Керим.

Тој посочи дека помалата посетеност од бугарска страна е резултат на брзиот развој на бугарските капацитети, како оние во Банско и Боровец, каде што, меѓу другото, и услугата е одлична, подобра дури и од грчката.

- Затоа, многу наши луѓе ги избираат овие дестинации, а помалку доаѓаат Бугари во Македонија. Од друга страна, воопшто не можеме да правиме споредба. Банско има повеќе од 200 хотели, а Маврово само четири. Сервисот и услугата, пак, не можат да се споредат ниту со оние во Грција - истакна Керим.

Бугарија, која лани евидентира околу шест милиони туристи, годинава очекува многу повеќе, зашто Египет и Турција поради случувањата со терористичките напади се речиси исклучени од понудите.