Министерство за финансии

Име на институција

Министерство за финансии

Опис на институција

Секција на министерството за финансии каде што е објавен регистерот на издадени лиценци за одржување на игри на среќа

Линк до веб страна на институција

Што содржи оваа база

Министерството за финансии на Република Македонија е институцијата кој одбрува и издава лиценци за организирање игри на среќа. Во засебна секција на веб страната на Министерството можете да го погледнете регистерот на сите издадени лиценци за игри на среќа.

Регистерот е поделен на три дела: Издадени лиценци за приредување на игри на среќа во автомат клуб, Издадени лиценци за приредување на игри на среќа во казино и издадени лиценци за приредување на игри на среќа во обложувалница.

Регистерот дава увид на сите лица и компании кои имаат право да одржуваат игри на среќа. Министерството ги дава на увид комплетните образложенија за издадената лиценца, па можете да видите колкав е оснивачкиот влог, какво мислење дале различни институции кои мора да дадат одобренија за различни сегменти на лиценците, колку чини една лиценца, какви технички капацитети има носителот и како го докажал потеклото на парите.

Зошто е важно

Казината и обложувалнците редовно се наоѓаат на листите на 100-те најуспешни компании во Македонија, а нивните чисти заработки често надминуваат 100 милиони евра годишно. Колку што е помала социјалната и економска сигурност во една една земја, толку е поголем и интересот кај граѓаните за игри на среќа.

Во овој бизнис се работи со готовина. Токму затоа казината, рестораните, клубовите и другите готовински дејности се дел од стразбуршката конвенција усвоена во 1990 година и токму затоа овие дејности се во системот за спречување на перење пари и финасирање тероризам. Овие дејности се едни од најупотребуваните од страна на мафијата и терористичките организации за внесување на валканите пари во паричниот систем.

За разлика од другите безготовински дејности, бизнисот со обложување и коцкање е најдоходовен. Тука се „вртат“ огромни суми на пари изразени во милиони и милијарди и, оттука, за истражувачките новинари е важно да ја следат оваа тема од исклучителен јавен интерес.