Е-градежно земјиште

Име на институција

Eлектронскиот регистер на аукции на градежно земјиште

Опис на институција

Веб-страна каде што се објавуваат објави и одржуваат аукции за продажба на градежно земјиште

Линк до веб страна на институција

Градежно Земјиште

Што може да најдете

Електронскиот регистар на аукции на градежно земјиште е засебна веб страна којашто каде што Министерството за транспорт и врски и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) објавуваат објави и одржуваат аукции за продажба на градежно земјиште.

Секое земјиште кое што е во сопственост на Република Македонија може да отуѓува или да се дава под закуп. Надлежните преку овој сервис одржуваат аукции или електронски наддавања за земјиштето, тука ги објавуваат огласите за аукции, а на истата страница може да се поднесат и барања за отуѓување со неспоредна спогодба.

Како да следите објави

На почетната страница ќе видите мени. Има опции да поднесете барања за непосредна спогодба, но нам овде не интересираат активните објави и аукции.

Ако кликнете на опцијата Е-Аукции по 01.08.2016 ќе можете да ги следите активните огласи, додека пак во Е-Аукции до 31.07.2006 можете да ги проверите аукциите кои завршиле.

objava-2Кога ќе влезете во секцијата Е-Аукции за втората половина од годината ќе се излистаат сите активни објави, погоре лево имате и пребарувач по општини.

objava-31

 

Какви информации содржи огласот

Огласот содржи детални информации за почетната цена на аукцијата, датум на одржување, локација. Прикачени се сите пропратни документи како изводи од катарстерска парцела, детален урбанистички план, историја на движење на имотот. Исто така, една од важните работи е што можете да видите за која намена се продава земјата согласно ДУП-от (куќи, згради, хотели, спортско-рекреативни терени, фабрики итн).

 

Дека оваа страница може да е навистина корисна за истражувачките новинари, ќе ја споменеме сторијата на новинарот Владо Апостолов објавена во весникот „Фокус“во која што тој, следејќи ги аукциите на дневна база, „улови“ непристојна зделка кога Министерството за транспорт и врски продаде земјиште во центарот на Скопје со намена за хотел од по едно евро квадрат. Откако скандалот се обелодени во јавноста, катастарот поведе постапки и продажбата беше поништена.